28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAlibaba сака луѓето да ja користат „селфи“ технологијата кога плаќаат!

Alibaba сака луѓето да ja користат „селфи“ технологијата кога плаќаат!

selfi tehnologija2

„Online“ продавницата „Alibaba“ има нов начин на плаќање кој подразбира препознавење на лицето.

Основачот на компанијата „Alibaba“, Џек Ма, говореше на „CeBIT“ саемот во Хановер за плановите на компаниијата за користење на „селфи“ во форма на дигитален потпис. Технологијата за препознавање на лице, покрај широката достапноста на смартфоните, е нешто што ќе и овозможи на „Alibabа“ да го распространи развојот на ваквото плаќање.

CeBIT 2015 Technology Trade Fair

Додека „Apple“, „Google“ и останатите компании го форсираат „притисни и плати“ системот преку „NFC“ поврзување, „Alibaba“ има друг пат преку кој сака да остави белег во еволуцијата на индустријата на плаќање.

Контролата на „Alibabа“ на кинескиот пазар ја прави една од најголемите и најмоќните компании на пазарот. Со 1.2 милијарди домашни потрошувачи, оваа платформа ги надмина годишните трансакции на компаниите „eBay“ и „Amazon“, заедно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП