23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИValeant го надмина Endo со понуда од 10,96 милијарди долари за Salix...

Valeant го надмина Endo со понуда од 10,96 милијарди долари за Salix Pharma

valent3

„Valeant Pharmaceuticals International Inc.“ зголеми својата понуда за откуп на „Salix Pharmaceuticals“ до 10,96 милијарди долари во понеделникот. На овој начин „Valeant“ го елиминира „Endo International Plc.“, единствениот конкурент во наддавањето за производителот на лекови, соопштува „Ројтерс“.

„Salix“ ја прифати новата понуда на „Valeant“ за 173 долари за акција во готовина, а пред еден месец понудата на „Valeant“ беше 158 долари за акција, соопштија двете компании во заедничката изјава.

Договорот исто така би донела добивка и за инвеститорот Бил Акман, кој минатата недела објави дека го купил удел во вредност од над 3 милијарди долари во „Valeant“. Пред тоа тој работеше со компанијата „Allergan“.

Дури и со оваа зделка, нагло ќе се зголеми долгот на „Valeant“. Таа купува компанија, која минатата година беше принудена да ја намали прогнозата за целогодишниот профит, откако понудата на одредени лекови се покажа премногу висока.

Акциите на „Salix“ поскапеа за 2% или до 172,75 долари во понеделникот, а цената на акциите во САД на „Valeant“ се зголеми за 2,5% или до 202,34 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП