19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто нуди BlackBerry за скоро 2.000 долари? (фото)

Што нуди BlackBerry за скоро 2.000 долари? (фото)

bb porsche00

Најновиот смартфон на канадскиот производител на паметни телефони „BlackBerry“ се издвојува од останатите на пазарот со тоа што е дизајн на „Porsche“, но и со цената која е околу 2.000 долари.

Што ќе добијат корисниците за сума од 2.000 долари, освен не особено најпопуларниот оперативен систем на компанијата и карактеристичниот знак на смартфонот кој го прави препознатлив?

bb porsche11

Моделот „BlackBerry P 9983“ е покриен рачно со кожа и е со копчиња „слични на стакло“. Цената му е 1.950 долари. Тој се одликува со 3,1-инчен дисплеј, што е релативно мал во современиот свет и далеку под 4.5-те инчи на моделот на компанијата „Passport“ (кој, покрај сето друго, е повеќе од три пати поевтин).

Внатрешната меморија е 64 GB, а оперативната – 2 гигабајти, или за 50% помалку во споредба со онаа на моделот „Passport“. Особено разочарувачка кај смартфонот е неговата батерија. За да се вклопат во дизајнот на уредот, таа е за 64% ​​помала од онаа на модел „Passport“.

bb porsche22

Се разбира, за слична цена купувачите на уредот очигледно нема да потенцираат толку на техничките карактеристики, туку на препознатливоста на моделот. Ова е трет заеднички уред на „BlackBerry“ и „Porsche Design“, а и претходните два модела беа со слична цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП