Најпопуларната социјална мрежа Facebook објави нови правила поврзани со содржините кои (не) смеат да се објавуваат на оваа интернет страница.
Како што пишува thenextweb.com, Facebook забранува вознемирување на корисниците, закани со сексуално насилство, промовирање на самоповредување и терористички организации.
Покрај тоа, Facebook ќе го отстрани говорот на омраза на расна, етничка, национална, верска и сексуална ориентација.
Facebook со новите правила ќе се обиде да воспостави рамнотежа помеѓу слободата на изразување и блокирањето на навредливи содржини.