„Nintendo“ конечно пристигнува на мобилните уреди! Популарниот производител на видео-игри случи договор со јапонската компанија „DeNA“, која се занимава со производство на игри за мобилните уреди, па заедно да развиваат игри за паметните уреди.
Како што соопштија од овие компании, новите игри ќе ја комбинираат интелектуалната сопственост на „Nintendo“, вклучувајќи ги и познатите ликови од игрите, и стручноста на „DeNA“ во производство на игри за мобилните уреди.
„Nintendo“ и „DeNA“ исто така планираат да развијат и интернет услуга која на членовите ќе им овозможи пристап до игрите со паметните уреди, персоналните компјутери и конзолите на „Nintendo“. Услугата би требало да биде пуштена во промет веќе оваа есен.