4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУтре штрајк на пилотите на Lufthansa

Утре штрајк на пилотите на Lufthansa

ALBERTGERMANY_LUFTHA_33712f

Пилотите на германскиот авиoпревозник „Lufthansa“ соопштија денес дека утре стапуваат во штрајк, што ќе влијае на летовите ширум Германија.

Повикот за штрајк го упати синдикатот на пилотите „Vereinigung Cockpit“ поради спорот со авиокомпанијата околу бенефициите за заминување во предвремена пензија.

Работниците, исто така, не го подржуваат планот на „Lufthansa“ за проширување на операциите со ниските цени.

Штрајкот ќе трае 24 часа и ќе влијае на летовите ширум Германија, но не и на филијалите „Germanwings“ и „Eurowings“.

Пилотите од минатата година одржаа низа штрајкови поради плановите на „Lufthansa“ да ги промени договорите за пензија.

Авиокомпанијата сака да ја укине програмата која на пилотите им овозможува во пензија да заминуваат со 55 години и да добиваат до 60 проценти од платата додека да наполнат 65 години.

Синдикатот, исто така, наведува дека компанијата сака на младите пилоти да им понуди многу послаби работни услови, поради што е упатен повикот за штрајк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП