3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOrange ќе инвестира 15 милијарди евра во мобилната мрежа до 2018-та година

Orange ќе инвестира 15 милијарди евра во мобилната мрежа до 2018-та година

orange-lte-4g

„Orange SA“ изјави дека ќе инвестира над 15 милијарди евра во своите мрежи во наредните четири години, како дел од новиот стратешки план на францускиот телеком, насочени кон заживување на растот на продажбата и профитабилноста по годините на пад.

Главните цели на 5-годишната стратегија на „Orange“, наречена „Essentials 2020“, се насочени кон зголемување како на продажбата, така и на добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) до 2018-та година.

Францускиот телеком се соочува со сериозна конкуренција во многу од своите пазари, особено во Европа, каде компаниите од секторот се борат за клиенти главно преку намалување на цените. Во Франција – најголемиот пазар на компанијата, „Orange“ беше погодена најмногу од ценовната војна на пазарот на мобилни услуги, предизвикана од појавата на силен нов конкурент пред три години.

„Идејата на нашиот план „Essentials 2020“ е едноставна – сакаме да направиме разликата преку создавање на подобри услуги“, изјави главниот извршен директор, Стефан Ришар.

„Orange“ најави дека ќе инвестира во подобрување на квалитетот на своите мрежи и услуги и во стимулирање на нови извори на приходи, како што се поврзаните уреди и мобилните платежни услуги.

Една од целите на планот на „Orange“ е тројно зголемувње на просечната брзина за размена на податоци, како за фиксните, така и за мобилните мрежи до крајот на 2018-та година.

Според „Orange“ овие инвестиции треба да и помогнат на групацијата да постигне повисоки приходи и „EBITDA“ до 2018-та година. Од Групацијата, исто така, истакнаа дека имаат за цел да ја задржаат својата дивиденда од најмалку 0,6 евра по акција меѓу 2015-та и 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП