19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackBerry прави втор обид да влезе на пазарот на таблети

BlackBerry прави втор обид да влезе на пазарот на таблети

blackberry_tablet22

„BlackBerry“ објави дека ќе лансира нов таблет кој е со посебен акцент на безбедноста. Ова е дел од тековните напори на компанијата да ја прошири базата на клиенти, вклучувајќи повеќе такви од бизнисот и од властите.

Новиот уред, создаден од „Samsung Electronics“ и „International Business Machines“ (IBM), ќе биде пуштен во продажба уште ова лето и ќе чини околу 2380 долари, откри „BlackBerry“.

Ова е втор пат, во кој канадскиот производител на паметни телефони се обидува да влезе на пазарот на таблети. Во 2011-та година „BlackBerry“ го претстави „PlayBook“, кој беше дел од обидите на претходниот менаџмент на компанијата да се натпреваруваат со „Apple“, „Samsung“ и други компании на пазарот на стоки за широка потрошувачка.

„PlayBook“ беше остро критикуван за недостаток на основни функции, а компанијата загуби стотици милиони долари, бидејќи не успеа да продаде голем дел од уредите.

„BlackBerry“ има мал удел на глобалниот пазар на мобилни уреди, но компаниите се уште ја сметаат за златен стандард во однос на мобилната безбедност.

За развој на новиот „SecuTablet“ e одговорен делот на „BlackBerry“ – „Secusmart“. Таблетот е базиран на „Galaxy Tab S 10.5“ на „Samsung“. Тој ја вклучува технологијата „Secursmart“ за енкрипција на податоци која се користи од страна на германската и канадската влада.

Развојот на „IBM“ му овозможува на таблетот да работи на повисоки нивоа на безбедност, произведувајки апликации за работа од оние кои се за лична потрошувачка.

Ханс-Кристоф Кноел, извршен директор на „Secusmart“, изјави дека освен тоа новиот уред е лесен за употреба. Според него секој корисник кој го познава „Android“, нема да има проблем со таблетот.

BlackBerry“ минатата година ја купи „Secusmart“, но вредноста на трансакцијата не беше обелоденета пред јавноста. Целта беше да се добие пристап до технологијата за енкрипција и да ја зајакне врската со владите.

Новиот таблет е создаден и благодарение на партнерството на „BlackBerry“ со „Samsung“.

Во ноември двете компании се согласија да си продадат меѓусебно софтвер, одговорен за безбедноста при работа со мобилни уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП