5 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто да очекуваме од Galaxy Note 5?

Што да очекуваме од Galaxy Note 5?

note 33

Моделот „Samsung Galaxy S6“ беше претставен на почетокот на месецот, но вниманието на корисниците сега е насочена кон следната петта генерација на фаблета „Galaxy Note“.

Еве што се очекува од овој паметен телефон, кој ќе излезе на пазарот во третиот квартал. Најважната предност и карактеристика, која се очекува да се разликува од сите смартфони на пазарот во моментов, е неговиот дисплеј.

Тој најверојатно ќе биде 5.9-инчен со резолуција од 2160 х 3840 пиксели, или првиот 4K дисплеј на пазарот. Резолуцијата му се очекува да е 746 пиксели, или речиси два пати повеќе од онаа на актуелниот „iPhone 6 Plus“. Сериозно подобрување се очекува и во насока на камерата на фаблетот. Таа најверојатно ќе биде 21-мегапикселна што би било најчувствителната камера, воведена на смартфон на „Samsung“.

Предната камера се очекува да е 5 мегапикселна. Многу е веројатно чипот на фаблета да е од сопствената марка на „Samsung – Exynos 7420“. Од компанијата се откажаа од чипови на „Qualcomm“ во последната шестта верзија на моделот „Galaxy S“, тврдејќи дека нејзините чипови „Exynos“ нудат 20% подобри перформанси и 35% помала потрошувачка на енергија од оние на „Qualcomm“.

Батеријата на „Galaxy Note 5“ се очекува да е од 4000 mAh, или моќ, со која никој паметен телефон на „Samsung“ не располагал до моментов. Новиот паметен телефон речиси сигурно ќе располага со можностите за плаќање, воведени во моделот „Galaxy S6 – Samsung Pay“. Се очекува тој да биде претставен и во варијантата „Edge“, слично на верзијата „S6“. Во однос на цената, според стручњаците, таа се очекува да биде околу 900 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП