9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДомејнот .com наполни 30 години

Домејнот .com наполни 30 години

com333

Најпопуларниот интернет домејн „.com“ наполни 30 години. На 15-ти март 1985-та година компанијата „Symbolics“ го регистрира првиот „.com“ домејн, потсетува онлајн изданието „VentureBeat“.

„Symbolics.com“ е активен домејн и до денес. Ова го прави најстариот „.com“ домејн во глобалната мрежа. Во моментов тој е во сопственост на друга компанија и е направен како историско-документарен сајт кој раскажува за различните елементи на интернетот.

Две години подоцна, во 1987-ма година, се регистрирани само 100 домејни. Тогаш постапката беше доста посложена, водена од американскиот Оддел за одбрана. Меѓу првите компании со сопствени сајтови се „Xerox“, „HP“, „IBM“, „Intel“, „Adobe“ и „Apple“.

Во 1990-та година се раѓа и „World Wide Web“, кој му дава на интернетот можност да работи со слики, звуци, видео, итн, а не само и единствено со текст. Ова „напојува“ сериозен интерес кон глобалната мрежа, чиј раст станува се поголем.

Во 2000-та година веќе се регистрирани 20 милиони „.com“ домејни. Денес регистрациите изнесуваат близу 117 милиони, а на секоја секунда некаде во светот се регистрира нова „.com“ адреса.

Иако веќе има мноштво на други домејни – „.net“, „.org“, „.tv“, како и новите „.books“, „.app“, „.technology“ итн, главниот интерес останува насочен кон „.com“. Тој се користи од сите компании во „Fortune 500“ и обично е првиот домејн кој секој ден се проверува за слободни имиња. Денес тој е далеку од идејата дека „.com“ треба да е симбол на трговски или бизнис сајт и е синоним на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП