26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: МЗТ славеше над Цибона

АБА: МЗТ славеше над Цибона

mzt-cibon-aba-liga

Кошаркарите на МЗТ славеа над Цибона со 78:65 во претпоследното коло во АБА лигата.

Македонскиот шампион против Цибона ја прекина серијата од седум порази и го забележа седмиот триумф во регионалното натпреварување, додека Цибона во Скопје го запиша 16-от пораз.

Капитенот Урош Лучиќ го предводеше МЗТ со 16 поени и 9 скока, а двоцифрен ефект имаа уште и Марко Симоновски (15 поени), Сеад Шеховиќ (13 поени) и Предраг Самарџиски (11 поени, 11 скокови).

Македонскиот репрезентативец Владо Илиевски со 13 поени, 5 скока и 6 асистенции беше најдобриот играч на Цибона.

Во последното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА лигата, МЗТ ќе и гостува на Црвена звезда, додека Цибона ќе го пречека Левски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП