12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон најбрз во Мелбурн

Хамилтон најбрз во Мелбурн

hami

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, со победа на премиерната трка во новата сезона ја започна одбраната на титулата. Британецот победи на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн со што стигна до 34-та победа во кариерата.

Првата трка во новата сезона ја одбележа апсолутната доминација на возачите на Мерцедес, покрај Хамилтон кој трката ја водеше од почетокот до крајот, комотна предност имаше и Нико Росберг на второто место.

Трет на целта пристигна новиот возач на Ферари, четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, кој во борбата за третата позиција беше подобар од возачот на Вилијамс Фелипе Маса.

Големата награда на Австралија донесе многу атрактивни потези, грешки на тимовите и издание за заборав на тимот на Мекларен. На стартот на трката се појавија 15 возачи, Ботас не се појави поради болки во грбот, додека треката веднаш ја завршија поради технчки проблеми Кевин Магнусен и Данил Квјат

Истот така трката беше кошмарна за пилотите на Лотус, Пастор Малдонадо и Роман Грожан, двајцата на патеката беа само во првиот круг.

Поради грешки на тимовите трката не ја завршија Кими Раиконен во Ферари и Макс Верстапен во Торо Росо.

Трката на крајот ја завршија само 11 возачи, а единствен кој не освои бодови беше Џенсон Батон на Меклрен.

Покрај Хамилтон, Розберг и Фетел бодови на првата трка во сезоната освоија уште и: Фелипе Маса (Вилијамс), Фелипе Насар (Заубер), Даниел Рикардо (Ред Бул), Нико Хилкенберг (Форс Индија), Маркус Ериксон (Заубер), Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) и Серхио Перез (Форс Индија).

Следната трка во шампионатот на Формула 1, втора во сезоната, ќе се вози  на 29.март во Малезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП