2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови „солени“ казни за големите банки во САД

Нови „солени“ казни за големите банки во САД

bank3

Заради манипулации на девизниот пазар четири од најголемите банки ќе бидат казнети по 1 милијарда долари.

Министерството за правда на САД има намера да се наметнат „солените“ казни на американските „Citigroup“ и „JPMorgan“, но и на британските „Barclays“ и „Royal Bank of Scotland“. Швајцарската банка „UBS“ доби имунитет во оваа истрагата, бидејќи токму таа ги дала информации за девизните прекршоци.

Во тек се разговори за намалување на големината на казните, но и донесување на одлука за да не се изгуби лиценцата за девизното работење.

Минатата година со 4.3 милијарди долари беа казнети американските „JPMorgan Chase“ и „Вank of America“, како и британската банка „HSBC“. Казните беа наметнати поради обезбедување на лажни информации на инвеститорите при купувањето на ризични хипотекарни вредности во пресрет на кризата во 2008-ма година. Тогаш хипотекарниот пазар во САД се распадна и заведените инвеститори загубија милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП