19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКои премиум смартфони да ги очекуваме во април? (фото)

Кои премиум смартфони да ги очекуваме во април? (фото)

april 1

За време на саемот во Барселона беа претставени релативно мал број смартфони од највисоката класа, а во центарот на вниманието беа компаниите „HTC“ и „Samsung Electronics“.

Јавно, за да не бидат во „сенка“, компаниите како „LG Electronics“ и „Huawei“, но и „Sony“, го одложија претставувањето на своите премиум модели за следните месеци.

Еве што можеме да очекуваеме:

april 2

Се повеќе податоци на интернет се појавуваат за тоа како ќе изгледа новиот модел на „LG – G4“. Смартфонот се очекува да е со малку заоблен дисплеј со големина помеѓу 5.3 и 5.7 инчи и резолуција од 1440 х 2560 пиксели. Има и шпекулации за повисока резолуција од 1620 х 2880 пиксели. Камерата се очекува да биде 20-мегапикселна, а оперативниот систем – најновата верзија на „Android“. Моделот се очекува да е со новиот осумјадрен процесор „Snapdragon 810“, како и да располага со 3 GB RAM меморија. Се очекува тој да биде претставен на 8-ми април или два дена пред официјалното излегување на пазарот на моделот „Samsung Galaxy S6“.

april 3

Модел од висока класа се очекува да претстави и кинескиот производител „Huawei“. „Ascend P7“ беше исклучително успешен на пазарот и придонесе за сериозниот раст во продажбата на компанијата. Таа продолжува напред со новиот модел, кој се очекува да биде со поголем екран. Смартфонот ќе располага со 5.2 инчен дисплеј со резолуција од 1920 x 1080 пиксели и 424 пиксели на инч. Неговата задна камера ќе биде 13-мегапикселна, а предната – 8. Зајакнување се очекува и во насока на батеријата. Тој ќе излезе на пазарот на 15-ти април.

april 4

„Sony“ исто така го пропушти саемот во Барселона во однос на деби на нов смартфон од високата класа. Затоа очекувањата се наскоро да биде претставена следната генерација на моделот „Xperia – Z4“. Смартфонот се очекува да е со 5.2-инчен дисплеј со резолуција од 1440 х 2560 пиксели и новиот процесор „Snapdragon 810“. Иднината на единицата за паметни телефони на компанијата сепак не изгледа многу добро во предвид на значителните загуби кои ги трупа за јапонскиот производител на потрошувачка електроника.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП