18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGorenje оствари приход од 1.24 милијарди евра

Gorenje оствари приход од 1.24 милијарди евра

gorenje 23

Групацијата „Gorenje“ во минатата година остварила приход од 1.24 милијарди евра и чиста добивка од 1.2 милиони евра, според неревидираните податоци кои ги објави словенечкиот производител на апарати за домаќинство.

Приходите е зголемени за 0.4 проценти во однос на 2013-та година, а остварените минатогодишни резултати во компанијата ги оценуваат како добри, со оглед дека „Gorenje“ во  2013-та имаше загуба од 25 милиони евра.

И минатата година врз „Gorenje“ многу влијаеше ситуацијата во Русија и Украина, на пазарите на кои многу извезува.

Gorenje“ лани во однос на претходната година ја зголеми добивката од работењето (EBIT) за скоро петина или на 43.5 милиони евра, со што ја зголеми финансиската стабилност, затоа што долгот на компанијата е намален за 27 милиони евра и сега изнесува 331.8 милиони евра, наведува „Gorenje“ во соопштението за јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП