18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува изградбата на гасоводот Клечовце - Блок станица 5

Почнува изградбата на гасоводот Клечовце – Блок станица 5

gasifikacija300

Руската компанија „Стројтрансгас“ во сабота започнува со  изградба на магистралниот гасовод делница Клечовце – Блок станица 5.

Според проектот, делницата на гасоводот низ Македонија треба да биде долга 96,6 километри, од кои 61 километар треба до јуни следната година да го изгради руската компанија, како дел од договорот за исплата на Клириншкиот долг на поранешниот Советски сојуз кон поранешна Југославија, чиј составен дел беше и Македонија.

Вредноста на проектот изнесува 75,7 милиони долари.

Трасата на новиот гасовод од Клечовце, според  проектот, треба да биде приклучок на постојниот гасовод Крива Паланка – Скопје. Оттаму ќе се движи кон Свети Николе кое ќе биде заобиколено, каде е предвидено да има приклучно место за крак кон тој град и кон Велес. Понатаму гасоводот ќе поминува во близина на индустриската зона во Штип.

За останатиот дел од трасата до Неготино и Кавадарци треба да се обезбедат дополнителни финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП