Повеќе смартфони со метално куќиште, тенок профил и поголема резолуција на екран се очекуваат од „Samsung“ во оваа година.
Јужнокорејската компанија ќе ги подигне сите модели во својата линија на паметни телефони на повисоко ниво, од премиум материјали во изработката, до поголема резолуција на екраните, се со цел да ги направи своите смартфони повторно привлечни, т.е да ја оправдаат цената на некои од уредите.
Покрај тоа што повторно ќе се фокусираат на евтините модели, и ова е дел од стратегијата на компанијата за битка против порастот на „Apple“, кој според мислењето на многумина го надмина најголемиот производител на смартфони во претходниот период.
Ова ветување за поголем број на премиум телефони најверојатно изгледа не се никакви гласини, туку зборови на ко-директорот на „Samsung“, Шин Јонг Кјун за време на годишниот состанок со акционерите.
„Samsung“ веќе го започна процесот со метални куќишта со телефонот „Galaxy Alpha“, за потоа овој тренд да го следи „A“ серијата на уреди, а но и новите премиум телефони на компанијата, моделите „Galaxy S6“ и „S6 Еdge“.