3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНова рекордна година за BMW - испорака на преку 2 милиони возила

Нова рекордна година за BMW – испорака на преку 2 милиони возила

is bmw

Германските производители на луксузни автомобил од година во година бележат раст во испораките, па ниту „BMW“ не е исклучок. Во 2014-та продажбата на брендовите кои се дел од групацијата порасна за 7.9 отсто или на 2.11 милиони возила.

„BMW“ соопшти дека 2014-та била негова петта рекордна година по ред, благодарејќи на се поголемата побарувачка ширум светот.

„Продолживме со добри резултати, остваривме нов рекорд во продажбата, приходот и заработката“, вели извршниот директор на „BMW“, Норберт Рајтхофер.

Германската групација продала во 2014-та вкупно 2.11 милиони возила во целиот свет, 7.9 отсто повеќе во однос на 2013-та. Приходите во исто време се зголемени за 5.7 проценти или на 80.4 милијарди евра, а профиот од работењето на 14.3 отсто или на 9.11 милијарди.

Нето заработката порасна за 9.2 проценти или на 5.81 милијарди евра.

Кога станува збор за поединечните брендови, во текот на 2014-та на купувачите им биле испорачани 1.811.719 автомобили од марката „BMW“, што претставува раст од 9,5%.

Ваквиот скок е постигнат во најголема мера благодарејќи на моделите од „Serieѕ“ 3, 4 i 5, како и „BMW X5“ – а секој од споменатите автомобили е водечки според продажбата во својот сегмент, велат од германскиот производител.

is bmw1

Од „BMW“ со гордост истакнуваат дека во 2014-та испорачале 17.793 возила од „i“ серијата, која за погон користи и електрична енергија. Продадени се 16.052 eлектрични „BMW i3“ и 1.741 примероци од спортскиот хибрид „BMW i8“ чија цена е над 100.000 eвра.

is bmw2

Со 302.183 испорачани возила, „MINI“ во 2014-та забележа незначителен пад во продажбата (-0,9%).

Во групацијата сепак и овој резултат го сметаат за релативен успех, затоа што во изминатата година е извршена смена на генерација на најпопуларниот модел, „MINI“ хечбек.

„Rolls-Royce“, третата автомобилска марка која е во сопственост на „BMW“, ја зголеми продажбата за 11,9%.

is bmw3

Со 4.063 испорачани супер-луксузни автомобили, „Rolls-Royce“ за прв пат во една календарска година продал преку 4.000 илјади возила ширум светот. Во продажбата води моделот „Wraith“ со 1.906 единици.

Кога станува збор за очекувањата во блиска иднина, во „BMW“ се оптимисти.

„Со оглед дека во текот на 2015-та планираме да лансираме 15 нови или редизајнирани модели, очекуваме повторно раст во продажбата ширум светот и нов рекорд во бројот на испораки“, заклучи Норберт Рајтхофер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП