4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗапознајте го Windows 8.1 таблетот кој чини 48 долари

Запознајте го Windows 8.1 таблетот кој чини 48 долари

MOMO7W-1

Стратегијата на „Microsoft“ да се бори против евтините „Android“ таблети се чини дека ги покажува своите први знаци на успех, затоа што производителите сега вршат притисок со некои модели по неверојатно ниски цени.

MOMO7W“ e 7-инчен „Windows 8.1“ таблет и кој чини само 48 долари, а не е изненадување што пристигнува од Кина. Сепак овој таблет за тие пари нуди 7-инчен екран со резолуција од 1024 x 600 пиксели, покрај веќе споменатиот „Windows 8.1“ oперативен систем.

Под „хаубата“ се наоѓа процесорот „Intel Atom Bay Trail“, 1 GB RAM i 16 GB интерна меморија, „HDMI“ излез и слот за „SD“ картичка.

Исто како и останатите таблети од ниската класа, и овој пристигнува со едногодишна претплата на софтверскиот пакет „Office 365“. Зa 48 долари очекувањата неможат да бидат преголеми од овој таблет, но „Microsoft“ успеа да достигне нова најниска цена за еден таблет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП