12 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРезервација на Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge единствено со...

Резервација на Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge единствено со Вип

Vip Prepaid_FB Oktomvri _ 2014_Banner_730 x 350_LARGE SLIDER

По светската премиера во Барселона во февруари годинава, во Македонија пристигнува најпосакуваниот паметен телефон, единствено достапен за резервација во Вип.

По само еден месец од светската премиера на еден од најочекуваните паметни телефони од последната генерација на напредни уреди, од денеска, со едноставна регистрација, корисниците на Вип можат да станат сопственици на еден од најпосакуваните паметни телефони во светот – Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge, веднаш по нивното пристигнување на македонскиот пазар.

Резервацијата може да се направи во било кој од продажните центри на Вип ширум земјата се до 31.03., при што корисниците ќе добијат и пригоден подарок за уште поголемо задоволство при користењето на својот нов паметен телефон – оригинален пакет на додатоци.

Vip Prepaid_FB Oktomvri _ 2014_Banner_730 x 350_LARGE SLIDER

За Samsung Galaxy S6 и За Samsung Galaxy S6 Edge

Најтенките паметни телефони произведени од Samsung досега, во себе интегрираат бројни новитети во индустријата на паметни телефони и претставуваат придвижување кон сосема нов концепт на корисничко искуство, квалитет, дизајн и оперативни перформанси од досегашното портфолио на паметни телефони од компанијата.

Серијата S6 се паметни телефони со највисока резолуција на паметни телефони претставени на пазарот досега, благодарение на 5.1-инчниот QHD Super AMOLED екран, со резолуција од 557 пиксели.

Кон листата на пионерски чекори во технологијата на паметни телефони се додава и фактот што серијата S6 на Samsung поседува 14nm Samsung Exynos 7 окта мобилен процесор со 64-битна платформа, нов PDDR4 мемориски систем и UFS 2.0 флеш меморија, што гарантира подобри перформанси и подобрена брзина на меморијата со помала потрошувачка на енергија.

Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge се изработени од стакло и метал, што им дава префинет и елегантен изглед на надворешноста. Тие поседуваат 16MP задна и 5MP предна камера со оптички стабилизатор, како и опција за автоматско одредување на светлината. Она што е новитет во овие модели е брзината на активирањето на камерата од 0,7 секунди, што дефинитивно ќе придонесе за моментално овековечување на сите моменти од секојдневието на корисникот.

Во низата на новитети се додава и технологијата на безжично полнење што овие модели ја промовираат, како и опцијата за брзо полнење, која на корисникот му овозможува да гледа двочасовно видео за десет минутно полнење.

Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge ќе бидат достапни во продажната мрежа на Вип од  20.04.2015 по цена од 16.499 и 23.499 денари соодветно, во постпејд тарифата Vip Free+ No Limit + за склучен договор на 24 месеци.

Подетални информации корисниците можат да добијат со јавување во контакт центарот на Вип на 077 1234 или на www.vip.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП