13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија домаќин на футсал квалификаците за пласман на ЕП

Македонија домаќин на футсал квалификаците за пласман на ЕП

futsal-euro11

Македонската футсал репрезентација од 18-ти до 21-ви март ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во 2016-та година. Покрај Македонија на турнирот ќе учествуваат и футсал репрезентациите на Шпанија, Унгарија и Швајцарија.

Пласман на ЕП ќе избори првопласираната репрезентација (Шпанија е најголем фаворит), додека второпласираната селекција ќе избори бараж за пласман на континеталното првенство во фудбал.

„Можноста да се игра на домашен терен секако е голема предност, но за да се создаде вистинска атмосфера која ќе ги понесе домашните фудбалери, потребна е и публика. Ни гостуваат две врвни футсал репрезентации Унгарија и Шпанија, со исклучително квалитетни и атрактивни фудбалери, што само по себе е празник за љубителите на малиот фудбал. Ова се квалификации во кои изненадувањата се реални, важно е играчите да бидат добро психолошки подготвени, и верувам дека доколку се понесени и од публиката ќе имаме позитивни резултати.  Ја повикуваме публиката да дојде на овие натпревари, а ние ќе ветиме максимално ангажирање, пожртвуваност и атрактивен фудбал“, изјави селекторот Васко Скендеровски.

futsal-euro

Според прогнозите, Шпанија е фаворит, а за втората позиција на табелата ќе се борат Македонија и Унгарија.

Токму Унгарците ќе им бидат противници на македонските футсал репрезентативци во првиот меч на турнирот (18-ти март во 19 часот). По мечот со Унгарија, Македонија ќе игра против Швајцарија (19-ти март) и Шпанија (21-ви март).

Како дел од подготвките за квалификацискиот турнир Македонија два пати ја совлада репрезентацијата на Грузија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП