15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКрај на продажбата на Nexus 5

Крај на продажбата на Nexus 5

5 nex 35

На почетокот на декември минатата година „Google“ најави дека наскоро планира да престане со производство на постариот „Nexus“ смартфон – популарната „петка“. Кратко потоа (една недела подоцна) својата одлука сепак малку ја ублажија најавувајќи дека истиот ќе биде достапен за купување уште во тектот на првиот квартал од 2015-та година.

Како што се ближи крајот на првиот квартал од оваа година, така и официјално дојде крајот за „Nexus 5“. Oд 11-ти март „Nexus 5“ повеќе не се наоѓа во понудата во онлајн продавницата на „Googlе“, туку на овој начин може само да се набави исклучиво најновиот, но и најскап „Nexus“ досега – „Nexus 6“ кој го произведува „Motorola“.

Но и покрај фактот што скоро цели три месеци се знаеше дека „Nexus 5“ ќе биде повлечен од продажба се чини дека „Google“ сепак на време не се подготви за ваквиот потег. Имено покрај најмоќниот 64-гигабајтен модел стои напомена дека за испорака на истиот по купувањето треба да се чека помеѓу два и три недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП