18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧелниците на ЕУ веројатно нема да ги заострат санкциите за Русија

Челниците на ЕУ веројатно нема да ги заострат санкциите за Русија

eu-russia-ru-eu

Челниците на земјите членки на Европската унија веројатно нема да ги заострат санкциите против Русија на средбата следната седмица, туку ќе се спорат околу тоа дали треба во моментов да се преземат чекори да се продолжат актуелните санкции коишто истекуваат на почетокот од јули, соопштија во четвртокот навечер дипломатски извори.

Имајќи предвид дека е општ впечатокот дека прекинот на огнот во источна Украина сепак генерално се почитува, Европската унија не гледа потреба на Русија да ѝ се наметнуваат нови санкции, но ниту да се ублажуваат сегашните. Наместо тоа, концентрирана е на тоа како да се поткрепи договорот од Минск и тој да започне во целост да се спроведува.

Дебатата за Украина на самитот на Европската унија во четвртокот и петокот е насочена на тоа дали Унијата би требало да испрати сигнал така што ќе ги продолжи санкциите против Русија, наметнати во јули 2014 година или ќе почека неколку месеци и ќе види како се спроведува прекинот на огнот.

Од претходно беше соопштено дека ЕУ е подготвена да наметне дополнителни мерки против Русија, доколку тоа е потребно, но челниците на некои земји членки соопштија дека построгите мерки ќе бидат преземени само доколку рускојазичните бунтовници сериозно го нарушат мировниот договор од 12-ти февруари постигнат во Минск, со напад врз стратешкото пристаниште Мариупол, кој инаку е град со доминантно руско и рускојазично население но од април 2014 година е под контрола на украинските сили, или со сличен потег.

„Мислам дека нема изгледи за договор за нови и пошироки санкции против Русија следната седмица“, изјавил за Reuters неименуван дипломат од Европската унија.

На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, кои по правило му претходи на самитот на Унијата, Украина нема да биде тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП