18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVAIO го претстави својот прв паметен телефон (фото+видео)

VAIO го претстави својот прв паметен телефон (фото+видео)

p vaio3

Брендот „VAIO“ се подготвува за постепеното враќање на пазарот на мобилни уреди, а се предвидува и поголема разновидност на производи. Меѓу нив е и првиот паметен телефон „VAIO“, соопштува интернет изданието „Engadget“.

Новиот сопственик на брендот е компанијата „Japan Industrial Partners“. Освен за лаптопи таа сака да ја користи и за мобилни телефони. Новиот „VAIO Phone“ е првиот модел кој треба да го провери интересот на корисниците на оваа идеа.

Телефонот сепак не импресионира со којзнае какви спецификации. Под закрила на „Sony“, „VAIO“ се поврзуваше со солидни карактеристики и високи цени. Но за „VAIO Phone“ се чини дека останува само второто.

p vaio1

Уредот се потпира на „4-core“ процесор кој работи на 1,2 GHz, а неговиот производител останува непознат. Оперативната меморија е 2GB, но нема информации колку е вградената меморија за складирање на датотеки. Вградената камера на задниот дел е со 13 МР. Екранот е со „HD 720p“ резолуција и дијагонала од 5 инчи.

Оперативниот систем на „VAIO Phone“ е „Android 5.0 Lollipop“, кој е целосно стандарден. Нема инсталиран посебен интерфејс, како што прават повеќето производители. Недостигаат дополнително поставените апликации.

p vaio2

Куќиштето на „VAIO Phone“ е пластично и е со дебелина од 7,95 мм. Јапонското онлајн издание „Blog of Mobile“ наведува дека според дизајнот и спецификации телефонот е речиси идентичен со „Panasonic Eluga U2“, кој се продава во Тајван.

Првиот „VAIO Phone“ најверојатно ќе се продава само во Јапонија. Цената без договор со оператор ќе биде околу 420 долари, што ја прави релативно висока за телефон со спецификации од средната класа. Но сепак пред некој ден од компанијата соопштија дека овој смартфон ќе се појави и на другите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП