25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXcover 3 - Смартфон на Samsung за сите авантуристи

Xcover 3 – Смартфон на Samsung за сите авантуристи

avanturisti sams

Без многу најави, „Samsung“ додаде уште еден смартфон од серијата „Galaxy“ во својата понуда. Овој пат не станува збор за премиум модел, туку за моделот „Xcover 3“ кој припаѓа на средната класа.

„Galaxy Xcover 3“ го одликува 4.5 инчен екран со резолуција од 800 x 480 пиксели, четиријадрен „SoC“ со брзина од 1,2 GHz, „LTE“ поддршка, како и 1,5 GB RAM и 8 GB интерна меморија. Истата може да се прошири по пат на „microSD“ мемориска картичка која поддржува до 32 GB. Батеријата има капацитет од 2.200 mAh.

Уредот поради предната камера од 2 мегапикели не е соодветна за „селфи“ фотографии, туку за оние кои истата ја користат за извршување на видео повици. Задната, т.н. главна камера има резолуција од 5 MP, а е опремена и со „LED“ блиц, па ноќните фотографии ќе бидат со подобар квалитет.

avanturisti sams11

Но овие карактеристики се тука само како дополнителна опрема, затоа што овој уред нема да се купува за „шминка“, туку исклучиво кога ви е потребен отпорен уред додека претстојувате во природа или на некои други места кои не се соодветни за останатите смартфони. На пример некаде каде што е зголемена влажноста, каде постои можност за пад на уредот во вода или кал и слично.

Тоа е може да се спречи поради издржливото куќиште кое поради „IP67“ и „MIL-STD-810G“ сертификатите е отпорно на горе споменатите услови, но и на некои дополнителни, како прав, вибрации, сончеви зраци и изненадувачки температурни промени.

avanturisti sams2

Galaxy Xcover 3“ на стартот ќе доаѓа со „KitKat 4.4“ верзијата на „Android“, но не се грижете, „Samsung“ вети дека овој уред ќе ја добие верзијата „Lollipop“.

Времето на пристигнување во продавниците, како и цената на уредот засега не се познати. Истите би требало да бидат откриени за време на „CeBIT“ саемот кој оваа година ќе се одржува од 16-ти до 20-ти март во Хановер (Германија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП