3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на BMW Z4 ќе биде готов до 2020-та година

Наследникот на BMW Z4 ќе биде готов до 2020-та година

b z4

Новиот „BMW Z4“ ќе излезе на пазарот до крајот на оваа деценија. Тоа го изјави новиот шеф на развојот на баварската марка Клаус Фројлих, цитиран од „Automotive News“.

Уште во есента минатата година, германскиот производител и неговиот партнер „Toyota“ објавија заеднички развој на два спортски модели кои ќе делат иста платформа. Тие треба да се претворат во заменици на „BMW Z4“ и „Toyota Supra“.

Според Фројлих кој го зазеде местото на Херберт Дис кој премина во „Volkswagen Group“, проектот за создавање на наследник на „Z4“ не е меѓу главните приоритети на „BMW“. Причината е дека продажбата на ваквиот вид на возила продолжува да паѓа на трите главни пазари на моделот – САД, Велика Британија и Германија. А на најголемиот пазар во светот – оној во Кина, кабрио автомобилите воопшто не се популарни.

Се очекува наследникот на „Z4“ да го добие името „Z5“ и да биде опремен со редовниот 3.0-литарски бензински мотор со 6 цилиндри. Истиот мотор ќе биде користен и за следната генерација на „BMW 7-Series“ што треба да се појави на пазарот следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП