27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ со херојска игра го елиминира Челзи, Баерн го декалсира Шахтјор

ПСЖ со херојска игра го елиминира Челзи, Баерн го декалсира Шахтјор

Soccer - UEFA Champions League - Round of 16 - Second Leg - Chelsea v Paris St Germain - Stamford Bridge

Фудбалерите на ПСЖ и Баерн им се придружија на Реал и Порто во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ со херојска игра го елиминира Челзи, додека Баерн го прегази Шахтјор.

ПСЖ на „Стенфорд Бриџ“ го елиминира Челзи по продолженијата, мечот во регуларниот дел заврши со резултат 1:1, а по дополнителните 30 минути 2:2, па тимот од Париз мина во четвртфиналето.

Францускиот шампион го елиминира Челзи иако од 30.минута играше со играч помалку, судијата Кујперс престрого му покажа директен црвен картон на Ибрахимовиќ.

И со играч помалку ПСЖ беше поблиску до водство, Кавани во 58.минута го мина Куртоа но неговиот удар заврши во стативата.

Челзи без игра успеа да постигне гол во 81.минута, кога по една мешаница пред голот на Сиригу Кејхил го совлада италијанскиот голман. Предноста на ‘сините’ траеше само пет минути кога поранешниот играч на овој тим Давид Луиз по корнерот на Лавеци од пет метри со глава го совлада Куртоа.

Во продолженијата Азар постигна гол во 96.минута од пенал, на кој му претходеше играње со рака на Тијаго Силва.

По постигнатиот гол Челзи реши да се повлече наместо да го нападне противникот и таквата игра ја казни Силва кој по корнерот на Лавеци го казни лошото позиционирање на Куртоа и ги постави конечните 2:2 во 114.минута.

Баерн без проблеми го совлада Шахтјор дури со 7:0. Мечот практично беше решен во третата минута кога Кушер направи пенал и доби црвен картон. Милер беше прецизен од белататочка за 1:0, а водството на Баварците го удвои Боатенг.

Во второто поувреме Баварците испорачаа уште пет голови во мрежата на Пјатов, најпрвин погоди Рибери, па Бадштубер, потоа Левандовски, Милер и Геце.

Баерн е првиот тим во Лигата на шампионите кои на два меча во една сезона постигнал по седум гола (Рома, Шахтјор), додека Шахтјор е првиот тим кој во иста сезона на еден натпревар постигнал седум гола (БАТЕ Борисов) и примил исто толку голови (Баерн).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП