8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Скопје заврши снимањето на кусиот игран филм ’Роденден’

Во Скопје заврши снимањето на кусиот игран филм ’Роденден’

film_rodenden

Падна во вторникот навечер последната клапа од снимањето на краткиот игран филм „Роденден“, во режија и по сценарио на Косара Митиќ, кое се одвиваше на повеќе локации низ Скопје.

Филмот „Родендент“, работен за продуцентската куќа „Сектор филм“, претставува сторија за група тинејџери кои на еден бизарен начин го прославуваат полнолетството на нивниот другар, нудејќи му предлог кој нема да може да го одбие.

Актерската екипа ја сочинуваат Никола Колев, Дениз Абдула, Александар Михајловски, Силвија Стојановска, Милица Стојанова, Ана Костовска, Сара Климовска и Емил Костовски.

„Роденден” е во режија на Косара Митиќ, директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф  Кирил Спасески, костимограф Емилија И. Атанасовска, додека за шминката се грижеше Симона Ристевска.

Овој проект финансиски е поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП