4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕвропската публика го виде новото лице на R8 (фото+видео)

Европската публика го виде новото лице на R8 (фото+видео)

z r8

„Audi“ ниту овој пат не отстапи од својата „еволутивна“ дизајнерска филозофија, па така новиот „R8“ претставува логично продолжение на приказната која започна во 2006-та година, кога на саемот во Париз беше прикажана првата генерација на овој автомобил. Покрај бензинските верзии, на штандот на „Audi“ во Женева е изложен и електричен модел.

Спортскиот топ модел на германскиот производител ја задржа препознатливата силуета и пропорции со повеќе остри аголни форми на предниот дел.

Страничните делови на каросеријата имаат повеќе спектакуларен дизајн од претходно, а панелот кој ги маскира отворите за воздух пред задните тркала и кои се истакнуваат благодарејќи на различната боја, поделен е на две компоненти.

z r81

Задниот дел на „Audi R8“ исто така претпрпе значителни стилски промени и веројатно ќе предизвика различни мислења кај фановите на овој модел. Стоп-светлата се опремени со „LED“ технологија и за нијанса се потенки од актуелната верзија.

За погон е употребен 5.2-литарски атмосферски „V10“ мотор, кој ќе биде достапен во две верзии. Послабата во основниот модел ќе произведува 540 ks (397 kW) и ќе располага со 540 Nm максимален вртежен момент.

За оние на кои тоа им е малку, достапен е мотор со 610 ks (449 kW) и 560 Nm, кој ја придвижува верзијата „Audi R8 Plus“.

z r82

Во основната верзија, „R8“ дo „стотка“ забрзува за 3.5 секунди пред да ги достигне максималните 320 km/h, додека „Audi R8 Plus“ oд 0 дo 100 km/h стигнува за 3.2 секунди со нешто поголема брзина од 330 km/h.

Без оглед кој од овие два мотори ќе го придивижува автомобилот, новиот „R8“ за пренос на моќта го користи подобрениот седумстепен „S tronic“ менувач со три режими на автоматска контрола и еден со мануелна промена на брзините.

Моќта се пренесува на сите четири тркала со помош на „quattro“ системот. Во зависност од моменталното побарување во возењето и состојбата на патот, електрониката одредува колкав ќе биде процентот на вртежниот момент кој ќе се испраќа на задните, а колку на предните тркала.

Конструкцијата на автомобилот е направена од алуминиум и пластични материјали засилени со јаглеродни влакна, па така новиот „R8“ е тежок помеѓу 1.454 и 1.555 kg, во зависност од верзијата, а е за педесетина килограми полесен од првата генерација.

Дизајнот на внатрешноста на автомобилот е значително променета, па така наместо класичните иструменти е вграден мултифункционален 12,3 инчен дисплеј, исто како кај новиот „Audi TT“.

Од централната конзола нема многу од командите, како и дисплејот од мултимедијалниот систем. Наместо да го тргнува погледот, возачот сега може да го насочи вниманието директно пред себе, а сите податоци и содржини кои го интересираат, вклучувајќи ја и навигацијата, се достапни на мултифункционалниот екран со инструменти.

Новиот „Audi R8“ на пазарот ќе пристигне во летото 2015-та. Основниот модел ќе се продава по цена од 165.000 eвра, додека за „R8 Plus“ треба да се одвојат 187.400 eвра.

z r83

Покрај моделот со бензински „V10“ мотор, „Audi“ го престави електричниот „R8 e-tron“, со два електромотори. „Audi R8 e-tron“ ја има ознаката 2.0, со цел да се нагласи разликата во однос на претходната верзија на овој електричен модел, кој никогаш не влезе во сериско производство.

И додека стариот „R8 e-tron“ имаше автономија на движење околу 215 km, новиот ќе има двојно поголем радиус и со едно полнење батеријата може да мине до 450 km. Како што велат од „Audi“ ова ќе биде овозможено пред се благодарејќи на зголемниот капацитет на батериите од 49 kWh нa 92 kWh.

z r84

Новата генерација на литиум-јонски батерии ќе бидат поставени долж централниот тунел на автомобилот и ќе имаат форма на буквата „T“, a германскиот производител тврди дека нивното дополнување до 100% ќе трае нешто под два часа.

Кога станува збор за погонскиот систем, тој ќе се состои од два електромотори чија комбинирана моќ е зголемена од претходните 381 ks (280 kW), нa 462 ks (340 kW), додека максималниот вртежен момент порасна од 820 Nm нa 920 Nm.

z r85

„Audi R8 e-tron 2.0“ ќе забрзува од 0 дo 100 km/h зa 3,9 секунди, a максималната брзина најверојатно ќе биде ограничена на 250 km/h.

Во компанијата велат дека електричниот „R8“ ќе биде достапен во текот на 2015-та, но не ја споменаат точната дата и цената, за која се верува дека ќе биде поголема од „Audi R8 V10 Plus“ кој чини 187.400 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП