26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото на најниско ниво кон доларот за последните 12 години

Еврото на најниско ниво кон доларот за последните 12 години

evro dolar 94

Курсот на еврото во средата на светските берзи се спушти на ново најниско ниво во последните 12 години, продолжувајќи да ниже загуби откако на почетокот на неделата Европската централната банка (ЕЦБ) започна со обемна програма за откуп на државни обврзници.

Курсот на еврото се спушти за околу 0,5 отсто, на 1,0638 долари, најниско ниво од април 2003-та година. Од почетокот на годината кон доларот ослабна за 12 отсто.

Единствената европска валута денеска беше за 0,5 отсто во загуба и кон британската фунта, спуштајќи се на 70,62 пени за едно евро, што е нејзино најниско ниво од ноември 2007-ма година. Истовремено еврото ослабна и кон јенот, на најниско ниво за 18 месеци од 129,120 јени.

Во фокусот на инвеститорите е ЕЦБ која на почетокот на минатата недела започна свежи пари да насочува во откуп на државни обврзници со цел поттикнување на растот и на инфлацијата кон целното ниво од нешто под два отсто.

Ваквите потези ги притиснаа приносите на должниките хартии на речиси сите држави членки на еврозоната на рекордно ниско ниво. Притоа приносите на 10-годишните германски обврзници, кои инаку се стандард за трошоците на задолжување во еврозоната, прв пат паднаа под 0,2 отсто.

Единствената валута ја притиснува и тврдокорната неизвесност околу Грција пред новиот круг на преговори во Брисел кои се очекуваат во текот на денот. Многумина стравуваат од можно излегување на Грција во еврозоната, а италијанскиот министер за економија предупредува дека таквиот исход би требало да се избегне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП