15 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC го подготвува моделот E9 со 5,5 инчен екран

HTC го подготвува моделот E9 со 5,5 инчен екран

e9 htc

Тајванскиот производител на смартфони „HTC“ пред само две недели го претстави најновиот предводниок во својата гама, моделот „M9“, а според информациите кои се појавија на интернет, компанијата планира претставувањето на новиот модел – „HTC E9“.

Според податоците новиот паметен телефон ќе биде со поголем дисплеј, потенок и со повисока резолуција од „М9“. Очекуваните димензии на смартфонот се 156.5×76.5×7.54 мм. Екранот најверојатно ќе е 5.5-инчен, а батеријата од 2.800mAh.

e9 htc1

Новиот паметен телефон се очекува да е со „Quad HD“ резолуција (2.560 x 1.440 пиксели) во споредба со резолуција од 1080 пиксели кај моделот „М9“. Процесорот на новиот паметен телефон ќе биде осумјадрен од „MediaTek“ со фреквенција од 2 GHz.

Другите спецификации на смартфонот вклучуваат 20-мегапикселна камера, иста како на моделот „М9“, како и 3 GB RAM меморија и 32 GB внатрешна меморија. Куќиштето ќе е пластично, за разлика од тоа на „M9“. Се очекува моделот да биде претставен кон крајот на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП