22 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе појави првата фотографија од смартфонот LG G4

Се појави првата фотографија од смартфонот LG G4

4g lg

Тоа што можеме да го очекуваме во април е две различни верзии на моделот „G4“. Првата ја има ознаката „LG-H818“, додека другиот модел е „LS991“.

„LG“ не сакаше поради големата конкуренција својот премиум телефон да го претстави на Светскиот конгрес на мобилна технологија во Барселона. Наместо тоа, „LG G4“ својата премиера ќе ја има најверојатно во април.

Како што споменавме можеме да очекуваме две различни верзии на смартфонот „G4“. Првата е означена со „LG-H818“ и станува збор за азиската верзија на овој паметен телефон кој ќе работи на „Android 5.1 Lollipop“, додека вториот модел (LS991) е уредот кој ќе биде наменет за светскиот пазар.

Познатиот светски мобилен оператор „Sprint“ веќе неколку пати го ажурираше својот профил, а во едно од претходните „LG G4“ е прикажан со „Quad HD“ екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели.

Покрај ова, „LG G4“ би требало да има процесор „Qualcomm Snapdragon 810“, 3GB RAM, 16GB/32GB интерна меморија, камера од 16MP со „LED“ блиц, „OIS“, 4K видео снимање и автофокус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП