22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИSamsung и Sony ќе инвестираат во производство во Индија

Samsung и Sony ќе инвестираат во производство во Индија

sony-samsung-s-lcd

„Samsung“ и „Sony“ ги објавија плановите да создадат бази за производство во Индија, како дел од иницијативата „Make In India“, објави „Trak.in“. Весникот посочува дека „Samsung“ веќе води преговори со властите во индиската држава Утар Прадеш.

Се очекува „Samsung“ да инвестира помеѓу 500 милиони и 1 милијарди долари во фабрика каде ќе се произведуваат телефони и таблети за компанијата.

Тамил Наду и Гужарат се другите две држави, во кои компанијата може да отвори своја фабрика. „Samsung“ веќе има два фабрики во Индија – една во Ноида и една во Тамил Наду, каде се произведуваат 90% од уредите кои се продаваат во Индија.

На „Mobile World Congress“ во Барселона, кој се одржа минатата недела, „Samsung“ најави дека планира проширување на фабриката за мобилни телефони во Ноида. Покрај тоа, компанијата откри дека ќе инвестира во модерна единица за обуки, за да се фокусира на подобрување на вештините на своите вработени.

Што се однесува до „Sony“, Кеничиро Хиби, шефот за операции на компанијата во Индија, изјави во Барселона дека компанијата наскоро планира да формира нова производна единица во земјата. Според него, се уште нема конечна одлука за ова прашање, но фирмата најверојатно ќе произведува телевизори и паметни телефони во Индија.

Можеби затоа претседателот на „Sony“, Казуо Хира наскоро ќе ја посети земјата, иако не споменува во кој државата ќе инвестира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП