23 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПретставен Apple Watch - пристигнува во април по цена од 349 до...

Претставен Apple Watch – пристигнува во април по цена од 349 до 10.000 долари (фото+видео)

awatch

„Apple“ официјално го претстави својот прв паметен часовник – „Apple Watch“. Компанијата од Купертино ги објави и преостанатите детали од својот паметен часовник, кој за прв пат беше најавен минатиот септември.

Презентацијата беше освежена со информацијата за бројни апликации кои од претходно ни беа познати, вклучувајќи ја апликацијата „workout“, „digital touch“, читањето електронска пошта и слично. Нормално, тука е опцијата за плаќање преку „Apple Рay“ услугата, контрола на музиката, интеракција со гласовниот асистент „Siri“ и приказ за известувања.

awatch1

Apple Watch“ доаѓа со батерија која трае околу 18 часа класично користење, но траењето на батеријата секако ќе варира според користењето на уредот и видот на апликации кои се користат или разгледуваат во часовникот.

Цената на моделот „Apple Watch Sport“ изнесува 349 долари за верзијата од 38mm, додека верзијата од 42mm чини 399 долари. Верзијата од челик ќе се продава по цена од 549 долари и ќе оди до 1049 долари, нормално во зависност од ременот кој корисникот ќе го одбере. Моделот од 42 милиметри доаѓа со цена меѓу 599 и 1099 долари, а таа исто така зависи од ременот.

awatch3

„Apple Watch Edition“, кој пристигнува со 18-каратно злато ќе чини 10.000 долари и ќе биде достапен во лимитирана серија. „Apple watch“ во продажба ќе се најде од 24-ти април, во селектирани пазари ширум светот.

Пазарот на паметни часовници оваа година би требало да забележи раст за 511 проценти, пред се благодарејќи на уредот кој го претстави компанијата „Apple“.

awatch5

„Strategy Analytics“ предвидува дека испораката на паметни часовници оваа година ќе порасне од 4.6 милиони во 2014-та, на 28.1 милиони уреди. Според оваа проценка „Apple“ би требало да биде најсилниот играч на овој пазар, а се предвидува дека компанијата од Купертино во 2015-та ќе испорача околу 15 милиони примероци од „Apple Watch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП