28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе појави се достапен електромобил со опсег од 1000 км (фото+видео)

Се појави се достапен електромобил со опсег од 1000 км (фото+видео)

nano

Компанијата „nanoFlowcell“ која минатата година го привлече вниманието на посетителите на саемот во Женева со својот суперавтомобил со погон со електрична енергија „Quant F“, го претстави својот нов проект.

Тоа е моделот „Quantino“ кој е далеку подостапен според цената и може да се појави на пазарот уште следната година.

nano1

Спортската машина ги доби истиот агрегат и технологија, на кои се потпира и „постариот брат“. Струјата за моторите се добива по хемиска реакција помеѓу две јонски течности со различен интензитет. Резервоарите за нив се компактни, што доведува и до послаби технички карактеристики.

Четирите електромотори на „Quantino“ развиваат моќност од само 136 КС, што и овозможува на кабината со 4 места да достигне максимална брзина од 200 км/ч. Далеку поимпресивен е фактот дека само со едно полнење, ова возило може да помине повеќе од 1000 километри.

nano2

За разлика од „Quant F“, агрегатот на „Quantino“ работи со струја со низок напон – 48 волти. Во „nanoFlowcell“ се убедени дека токму тоа решение ќе му овозможи на моделот да добие сертификат за користење на јавните патишта. Компанијата ветува дека ќе го заврши тестирањето на електричниот автомобил уште оваа година, па потоа да го пушти на пазарот со пристапна цена.

Што се однесува до другата машина на компанијата – „Quant F“, која располага со 1090 КС, нејзината пазарна премиера ќе се одржи за најмалку 2-3 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП