22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел зборуваше со робот (фото+видео)

Меркел зборуваше со робот (фото+видео)

merkel asimo

Германската канцеларка Ангела Меркел го посети во понеделникот токискиот музеј на нови науки и иновации и се запозна со човеколикиот робот Асимо.

„Добро утро, госпоѓа канцеларка. Добредојдовте. Благодарејќи на новите технологии коишто ги развива човекот, јас можам да направам разни работи“, се претставил Асимо пред една од најмоќните жени во светот. Потоа Асимо рекол дека слушнал оти Меркел многу го сака фудбалот и решил да ѝ покаже како тој може прецизно да ја шутне фудбалската топка.

merkel asimo1

Канцеларката на заминување од музејот ја испружила раката сакајќи да се ракува со роботот, меѓутоа Асимо не реагирал. Очигледно подобро е програмиран да шутира пенали отколку за западните гестови на љубезност, забележуваат медиумите.

Асимо е гордоста на јапонската роботика. Го разви тамошната компанија „Honda“, а развојот на јапонската технологија веќе беше промовираа на турнеи во странство и, меѓу другите, беше претставен на специјални настани во Дубаи, Њујорк и Прага.

merkel asimo2

Асимо е висок 130 сантиметри и тежок 54 килограми. Минатата 2014 година во истиот музеј „се сретна“ со американскиот претседател Барак Обама, а и нему му покажа колку е вешт со топка.

Во споменатиот токиски музеј може да се видат роботи коишто, на пример, во хотелски лобија, во болници и други јавни установи. Има и т.н. роботи кои личат на животни кои ги заменуваат домашните галеници за старите лица во пензионерските домови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП