5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNokia и Apple заедно во спорот против Samsung

Nokia и Apple заедно во спорот против Samsung

Nokia-Apple-1

Со еден крајно изненадувачки потег, компанијата „Nokia“ го поддржи својот лут ривал „Apple“ во спорот против „Samsung“. Па така финскиот производител на телефони ќе остане единствената компанија-сојузник на гигантот од Америка во судската постапка. „Nokia“ во својот поднесок до Апелациониот суд во САД тврди дека судот погрешил кога го одбил барањето на „Apple“ за забрана на производите на „Samsung“.

За потсетување во декември судијата Луси Кох го одби барањето на „Apple“ за забраната на производсто на 26 производи на корејската компанија, поради повредите на нивните патенти.

Тогаш судот заклучи дека прекршокот е само мал дел од функционалноста на уредите на „Samsung“. Сега „Apple“ поднесе жалба за таа пресуда, тврдејќи дека границата е поставена премногу високо, а плус и дека ја имаат поддршката од „Nokia“ .

Интересно е што „Nokia“  започна судска постапка против „Apple“ пред три години, а сега се здружи со нив против „Samsung“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП