3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony укинува 1.000 работни места во Шведска

Sony укинува 1.000 работни места во Шведска

building sony

Јапонскиот електронски гигант „Sony“ најави денес дека ќе укине илјада работни места во Лунд, на југот во Шведска, соопшти портпаролот на шведскиот синдикат на инженери, Ласе Арлинг.

„Ова утринава им беше соопштено на вработените, но не е прецизиран точниот датум“, изјави Арлинг за АФП.

Засега никој од компанијата „Sony“ не беше достапен за потврда на оваа информација.

Компанијата „Sony“ се соочува со тешкотии поради силната конкуренција во производството на мобилни телефони, така што уште на почетокот на јануари најави укинување на 2.100 работни места.

Целта е да се намали бројот на вработени за 30 проценти. Компанијата во последниот квартал регистрираше загуба од 1,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП