6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензините поскапуваат 2,5 денари, дизелот половина денар

Бензините поскапуваат 2,5 денари, дизелот половина денар

benzin5

Малопродажните цени на бензините ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, додека цените на дизелот и на екстралесното се зголемуваат за половина денар.

Вака во понеделникот одлучи Регулаторната комисија за енергетика на редовната двонеделната седница посветана на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката, новата цена на литар еуросупер БС-95  изнесува 67,5 денари, додека еуросуперот БС-98 ќе се продава по 69,5 денари.

Цената на еуродизелот изнесува 55,50 ден/лит, а на екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 44,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,745 денари за еден килограм, со што цената на М-1 НС изнесува 26,925 ден/кг.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше е за 3,29 % повисока од просечната цена на сурова нафта (по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати, се вели во образложението на Регулаторите.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период е за 1,00 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП