27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon и Alibaba заедно во освојување на кинескиот пазар

Amazon и Alibaba заедно во освојување на кинескиот пазар

BN-HG822_amazon_G_20150306012227

Американскиот интернет гигант Amazon отвори своја продавница на Tmall во обид на ширење на кинескиот пазар.

Amazon во својата понуда има увозна храна и стока како што се чевли, играчки и кујнски прибор.

Минатата година Amazon отвори своја продавница за електронски книги на Tmall.

Компанијата својот прв пробив на кинескиот пазар го постигна преку спојувањето со Joyo.com, интернет трговијата за книги, музика и видео, пред десет години.

Страницата е преименувана во Amazon.cn 2011.

Alibaba го поздрави овој потег и изјави дека присуството на Amazon ќе ја прошири понудата на производи и ќе го крене квалитетот на понудата за кинеските потрошувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП