11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOператорите веќе нарачале 20 милиони примероци од Galaxy S6 и S6 Edge

Oператорите веќе нарачале 20 милиони примероци од Galaxy S6 и S6 Edge

edge 3

Според информацијата која ја објави „The Korea Times“, компанијата „Samsung“ има добиено нарачки за дури 20 милиони единици на моделите „Galaxy S6“ и „Galaxy S6 Edge“ од страна на мобилните оператори.

Оваа бројка е рекордна за корејскиот гигант. Исто така се наведува дека од 20-те милиони единици, нарачани се 15 милиони телефони „Samsung Galaxy S6“ и 5 милиони примероци од моделот „Galaxy S6 Edge“.

Овие смартфони веќе се наоѓаат во претпродажба во Холандија каде „Galaxy S6“ чини 700 евра, додека пак цената на „Galaxy S6 Edge“ изнесува 850 eвра, нормално таа важи без договорни обврски.

Корејските аналитичари укажуваат на тоа дека спецификациите се клучната разлика во корист на овој телефон во однос на ривалскиот „iPhone 6“. Шефот на мобилното одделение во „Samsung“ порача дека очекува „Galaxy S6“ да постигне поголема продажба од претходниот модел, а нарачките на операторите го покажуваат токму тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП