3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонците ги сакаат производите на Витаминка, Нивеа, Милка, Бимилк, Опел...

Македонците ги сакаат производите на Витаминка, Нивеа, Милка, Бимилк, Опел…

best buy award

За Македонците, производите и компаниите како Витаминка, Опел, Милка, Бимилк, Нивеа или Нестле се најдобри примери и типични претставници на најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на македонскиот пазар.

Ова го покажаа резултатите од првото истражување за наградата „Best Buy Award“ спроведено во Македонија од страна на швајцарската организација „ICERTIAS“.

Организацијата го мери искуството и задоволството на граѓаните со односот помеѓу цената и квалитетот на производите и услугите кои можат да се најдат на пазарот.

Истражувањето за Македонија било спроведено во февруари 2015-та година.

Неодамнешното истражување во Македонија опфати 55 различни комерцијални и некомерцијални економски категории, како: малопродажба, прехрана, обувки, облека, козметика, уреди за домаќинството, телекомуникации, финансии и многу други.

Во истражувањето на испитаниците, на пример, во категоријата „Чоколадо“ им беше поставено следното прашање: „Кој производител на чоколадо според Ваше лично искуство нуди најдобар однос помеѓу квалитетот и цената на македонскиот пазар:“

Најголем дел од испитаниците на ова прашање одговорија со „Милка”. На истото прашање во категоријата „Млеко“, првото место (најголем број гласови од страна на македонските корисници) го освои Бимилк. Во категоријата за семејни автомобили првото место го зазеде Опел.

Победници со освоено прво место во другите категории се Дивела  (тестенини), Стопанска Банка (банка), Нивеа (гел за туширање), Телекабел  (давател на интернет услуги), Веро (меѓународен малопродажен синџир), Вива (овошни сокови), Пивара Скопје (светло пиво), ВИП (давател на мобилни услуги) итн…

Важно е да се нагласи дека истражувањето за „Best Buy Award“ не ја мери вредноста на брендот или пазарниот удел. Искуството, мислењето, задоволството и перцепцијата на корисниците се критериумите кои единствено се користат за да се измери односот помеѓу цената и квалитетот на добрата и услугите на пазарот, врз основа на личното искуство.

Истражувањето за „Best Buy Award“ – Македонија 2015/2016 го изврши швајцарската компанија „ICERTIAS“ – Меѓународно здружение за сертификација ГмбХ, на примерок од 1.200 испитаници. Сите испитаници беа граѓани на Македонија, исклучиво корисници на интернет, постари од 15 години. Истражувањето се спроведе во февруари 2015-та година, со употреба на прашалник подготвен со методот „CAWI – DEEPMA“ (Интервјуирање на интернет потпомогнато од компјутер – Избор по подолго размислување).

„Best Buy Award“ е проект на швајцарската организација „ICERTIAS“ – Меѓународно здружение за сертификација ГмбХ, со седиште во Цирих, Швајцарија.

Главната мисија на истражувањето е да се добие увид во искуството на корисниците и перцепцијата за производите и услугите кои се смета дека даваат најдобар однос помеѓу цената и квалитетот (така наречено најдобра зделка) од самите корисници.

Целта на проектот и на сертификатот за „Best Buy Award“ е да се поедностави барањето на најдобрите производи и услуги по најповолна цена. Целта е да им користи на корисниците на локалниот и на меѓународниот пазар.

Истражувањето за „Best Buy Award“ е целосно извршено во согласност со „Меѓународниот кодекс за пазарни и социјални истражувања“ усвоен од Меѓународната трговска комора (ICC) и Светската асоцијација на експерти за истражувања (ESOMAR).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП