5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвиот авион на соларен погон полета на пат околу светот (видео)

Првиот авион на соларен погон полета на пат околу светот (видео)

solar impuls 2

Швајцарскиот авион „Солар импулс 2“, кој се движи исклучиво на соларен погон, полета во понеделник наутро од Абу Даби на пат околу светот без ниту една капка гориво, јавуваат светските агенции.

Авионот, управуван од швајцарскиот пилот Андреа Боршберг, полета утрово во 4:12 часот по средноевропско време од аеродромот Ал Батин во Абу Даби во правец на Оман, каде што се очекува кон крајот на денот.

Патот од 35.000 километри ќе се одвива во 12 етапи и ќе трае пет месеци.

Ова е прв авион на соларен погон што ќе се обиде да ја заобиколи Земјата.

Струјата за „Солар импулс 2“ ја даваат 17.200 фотоволтаични соларни ќелии поставени на крилата со распон од 72 метри.

Тоа е поголема верзија на прототип-едносед кој првпат полета пред пет години.

Основачите на проектот „Солар импулс 2“ Бертран Пикар и пилотот Боршберг рекоа дека тој авион теоретски би можел да лета неограничено долго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП