14 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватскиот пензиски систем пред колапс

Хрватскиот пензиски систем пред колапс

penzioneri2323232

На хрватскиот пензиски систем му се заканува колапс поради изедначувањето на бројот на вработени и пензионери и поради лошите демографски трендови.

Во Хрватска во моментов се вработени помалку од 1,3 милиони луѓе.

Пензиите поради неповолниот однос на работници и пензионери во голема мера се финансираат од буџетот, од кој минатата година за таа намена беше исплатена речиси половина од потребните средства.

Поради лошите демографски трендови, уште од 2002 година започна реформата на пензискиот систем, чија цел беше создавање на лични срества врз чија основа ќе се исплатуваат идните пензии, пренесуваат хрватските медиуми.

Критичарите на приватните пензиски фондови сметаат дека средствата би требало да се префрлат во буџетот, бидејќи и така најголем дел од акумулираните пари се инвестирани во државни обврзници, односно и се позајмени на државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП