3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz Vision-e има потрошувачка од 3 литри на 100 км (фото+видео)

Mercedes-Benz Vision-e има потрошувачка од 3 литри на 100 км (фото+видео)

vision mece

„Mercedes-Benz“ во Женева го претстави својот концептуален модел „Vision-e“. Возилото претставува предсериска верзија на хибридното бизнис комбе – „V-Class“, опремен со нови и прилично скапи опции.

Очекувањата се машината да се претвори во една алтернатива на предводникот на брендот на производителот од Штутгарт – „S-Class“. Комбето се потпира на истиот хибриден агрегат, со кој е опремен и седанот „Mercedes-Benz C350e“, кој исто така е претставен на овој саем.

vision mece1

Под хаубата е поставен бензински турбо-мотор со зафатнина од 2,0 литри, кој развива 211 КС и 350 Nm вртежен момент. Во куќиштето на 7-степената автоматска трансмисија е интегриран 90-киловатов електромотор, кој се напојува со комплет литиум-јонски батерии со капацитет од 13,5 kW/h.

Вкупната моќност на хибридниот агрегат е 333 КС и 600 Nm, дозволувајќи му на „Vision-e“ да забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,1 секунди и да развие максимална брзина од 206 км/ч. Според теоријата, просечната потрошувачка на гориво е 3,0 l/100 km, а нивото на штетни гасови „СО2“ е 71 г/км.

vision mece2

Машината нуди 4 режими на работа – „Hybrid“, „E-Mode“, „E-Save“ и „Charge“, а само на електрична енергија може да помине 50 километри.

Најимпресивна сепак е внатрешноста на концептот. Таа нуди бела кожа, под од ореово дрво и две „царски ложи“, како што ги нарекуваат од компанијата двете фотелји за патниците. Тие можат да се регулираат и постават во различни правци, а можат да се претвораат дури во кревети.

vision mece3

Покрај тоа, возилото има панорамски покрив со две секции, специјални подвижни столици, места за таблети и лаптопи и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП