25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБританците го одбраа Duster!

Британците го одбраа Duster!

duster

Британската автомобилска интернет страна, „Car Buyer“ го прогласи моделот „Dacia Duster“ за возило на годината во оваа земја, доделувајќи му дури 4.9 од максималните 5 поени.

Во земјата во која се произведуваат „Rolls Royce“, „Jaguar“ и „Aston Martin“, „Dacia Duster“ е избран за автомобил на годината!

„Car Buyer“ при одлучувањето се раководеше со филозофијата на купувачите кои за вложените пари треба да добијат што е можно повеќе. Предноста на „Duster“ се истакнува со цената која е пониска од основната верзија на „Ford Fiesta“, а за тоа можете да добиете теренско возило со робусна надворешност и внатрешност, со доволно место во него да се смести целото семејство.

Користејќи ја проверената технологија на „Renault“, „Dacia“ направи сигурен, комотен и простран семеен автомобил. Страната ја пофали и големината и функционалноста на багажникот која од основните 475 литри со преклопување на задните седишта може да дојде до 1.636 литри.

„Моментално на пазарот во Велика Британија не постои сличен автомобил кога станува збор за она што го добивате за вложените пари, па така без дилеми „Dacia Duster“ ја доби титулата“, истакнуваат од „Car Buyer“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП