26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтаро-новиот Сузуки СХ4

Старо-новиот Сузуки СХ4

suzuki 1

Сузуки во Женева го претстави редизајнираниот кросовер СХ4. Името остана исто, но многу работи се променети во овој модел.

Во еден период владееше конфузија околу името на новиот кросовер, затоа што од Сузуки претходно негираа дека станува збор за наследникот на СХ4, сепак серискиот модел го задржа името на неговиот претходник.

Остана старото име, но ново е се друго кај овој автомобил. Пред се, Сузуки СХ4 сега е позициониран во нешто повисок автомобилски сегмент во кој се наоѓаат моделите како што е Нисан Кашкаи.

Новиот СХ4 е долг 4.300мм, широк 1.765мм, а висок 1.575. Автомобилот највеќе порасна во должина за дури 165мм, а од тоа најмногу профитираа патниците на задната клупа.

suzuki 2

Конструкторите на новото Сузуки поправија уште една маана од претходната верзија, а тоа е малиот багажник. СХ4 сега има многу поголем простор за багаж (430л), што не беше така кај првата генерација на ова возило (270л).

Новата верзија на популарниот кросовер има и потполно друг дизајн, со издигната предница, доминантна маска на ладилникот и големи фарови на предниот дел.

Засилени се и заштитните долни делови од каросеријата, браниците, праговите и лаковите над тркалата. Поради тоа, автомобилот изгледа многу посилно и помоќно од неговиот претходник.

Од дополнителната опрема треба да се напомене и за големиот панорамнски покрив кој може да се порача дополнително.

suzuki 3

Внатрешноста на автомобилот потполно е редизајнирана, иако го задржа класичниот изглед на инструментите, со многу алуминиумски акценти на воланот, таблата и централната конзола.

Од Сузуки соопштија дека новиот СХ4 ќе биде понуден со два типа на мотори, 1.6 литарски бензиски агрегат, кој е поврзан со петостепен рачен менувач и 1.6 литарски дизел мотор кој доаѓа во комбинација со мануелна трансмисија.

Како и досега, купувачите и натаму ќе можат да бираат помеѓу преден погон на тркалата и 4х4. Производството на новиот СХ4 ќе почне во текот на 2013-та година во фабриката на Сузуки во Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП