30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW Series-1 доби нов мотор (фото)

BMW Series-1 доби нов мотор (фото)

kec bmw

Германскиот производител „BMW“ во Женева го обновениот „1-Series“ што треба да се појави на пазарот во средината на 2015-та година. Покрај благите промени во дизајнот, возилото има добиено и нов 3-цилиндричен мотор.

Промените ја засегнаа формата на предните светла, решетката на ладилникот, како и на предниот и на задниот браник. Како опција за моделот се нудат „LED“ светла за магла, а диоди добиле и главните фарови.

kec bmw1

Во внатрешноста новините се претежно во високиот квалитет на материјалите, а системот „iDrive“ веќе ќе се нуди и во основната опрема на моделот. За него, исто така, ќе бидат достапни радио „BMW Professional“ со клима уред, како и сензори за дожд.

Палетата на мотори е проширена, а меѓу нив веќе влегува 1.5-литарски бензински агрегат со моќност од 109 КС.

Останатите агрегати се, 4-цилиндричен 1,6-литарски (136 КС) и 2,0-литарски (218 КС). Моделот може да се нарача и со турбо-дизел – 2.0 литри (150 и 190 КС), како и во верзија „M135i“, која се потпира на 6-цилиндричен бензински турбо-агрегат и развива 326 КС.

kec bmw2

Како и досега, менувачите се 6-брзински мануелен и 8-степен автоматски „ZDF“. За некои модификации се нуди системот со погон на 4 тркала „xDrive“.

Меѓу новите опции се адаптивен круз-контрол со функција „Stop & Go“ и подобрен систем за автоматско паркирање, која нуди и можност за нормално паркирање на возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП