23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдржана тркалезна маса организирана од Американската стопанска комора во Македонија

Одржана тркалезна маса организирана од Американската стопанска комора во Македонија

rb

Денешната тркалезна маса со наслов ‘‘Набавките како професија: Предизвици и трендови‘‘ е дел од предвидените активности на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија), за промовирање на важноста на професијата набавки во земјата, со цел зголемување на организационата ефикасност и јакнење на независноста на секторите за набавки.

rc

 

Во соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, АмЧам Македонија го покани г-динот Даниел Гордон, Постар советник на програмата за јавни набавки при Универзитетот Џорџ Вашингтон, САД да биде еден од дискутантите на тркалезната маса. За време на својот престој во Република Македонија г-динот Гордон, кој има импресивна биографија во областа на јавните набавки, оствари средба со претставници на повеќе државни институции, невладини организации и здруженија и одржа предавања за студените на дел од државните и приватните правни факултети во земјата.

rb

 

Тркалезната маса официјално ја отвори амбасадор на САД во Република Македонија, Џес Бејли по што следуваше панел дискусија во која како главни говорници се вклучија:

 

Даниел Гордон кој говореше за меѓународните перспективи за јакнење на професијата набавки во организациите. Тој истакна дека во светот на големо се дебатира и се донесуваат измени во политиките за јавните набавки, кои предвидуваат јавните средства да се користат поефикасно, со помала веројатност за корупција и да се од поголема помош за локалната економија. Исто така, посочи дека се зголемува свесноста за важноста од обучена и способна работна сила за набавки која ќе излезе во пресрет на овие цели.

 

Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија говореше за отклучувањето на реалниот потенцијал на професионалците за набавки во една организација. Воедно, пред присутните гости даде свое видување зошто професионалниот пристап кон оваа професија е важен за понатамошниот развој на компаниите.

 

Александар Аргировски, Директор на Бирото за јавни набавки ги презентираше можностите за образование, професионална надградба и обука на професионалците од областа на набавките во Република Македонија.

ra

 

На тркалезната маса присуствуваа преку 60 претставници од компаниите членки на АмЧам Македонија и инволвираните државни институции во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП