25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAndroid for Work - новитет на Android за бизнис корисниците

Android for Work – новитет на Android за бизнис корисниците

work android

„Google“ ја започна иницијативата „Android for Work“, преку која сака да ги воведе уредите темелени на „Android“ во бизнис средината.

Основната идеа е создавање два профили, од кои едниот ќе биде наменет за бизнис цели, додека другата за приватни потреби. Но целта е овозможување едноставна работа на тие два профили во исто време, без потреба за менување од страна на корисниците. Покрај тоа секоја апликација за бизнис потребите би требало да има дополнителен круг со актовка во склоп на иконата, па дури и соодветно мени или име, како на пример „Work Mail“ или „Work Chrome“.

work android1

Исто така е направена и нова верзија на продавницата за апликации – „Google Play“. Во верзијата за бизнис корисниците, „IT“ персоналот може да постави и управува со достапноста на поединечни апликации, како и да се купуваат лиценци за голем број на корисници во компаниите.

„Google“ за „Android for Work“ склучи партнерство со бројни компании, вклучувајќи ги „SAP“, „Citrix“, „Samsung“, „Sony“, „Box“ и „Adobe“, a најавена е и соработка со „BlackBerry“ со цел да се овозможи пристап до пораките, апликациите и податоците во компаниите со голема мерка на безбедност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП